ДИМОСКИ ПРОТИВ ПЕЛЕ

Историја

Крал на фудбалот е Бразилецот Пеле, и секој настан поврзан со него е историја. Чест да игра против него имаше прилепчанецот Илија Димоски – Мајсторо. На 15 септември 1969 година мечот од пријателски карактер се одигра во Крагуевац, Србија, меѓу домашниот Раднички и гостинскиот Сантос. Во составот на југословенскиот прволигаш настапи Димоски, како засилување на десната бековска позиција од Раднички, Ниш. На повидок беше изненадување, преку домашното водство од 4-3 се до 90 минута, но токму тогаш на сцена стапи Пеле кој ги издрибла сите како на видео-игра, вклучително и голманот, поставувајќи го конечниот резултат 4-4.

Димоски играше за Победа и Раднички Ниш. Беше тренер на десетина клуба, меѓу кои и Победа. Пред неколку години почина и таа легенда.

Loading