ПАРТИЗАН ПАК ПРИ ВРВОТ

Трета

Moment od mecot Prilep siti - Junajted

Екипата на Партизан Обршани, како во минатото, есенва игра одлично во Третата лига. Постигна 8 победи, 1 реми и 2 пораза и со освоени 25 бода е на 3 место. При последниот триумф (0-3) на гости во Лажани против Слога, головите ги дадоа Талески, Тодоровски и Н. Ефтинџиоски, а настапија: Јовески, Богојоски, Талески, Аџиоски, М. Ефтинџиоски, Стомнароски, Тодоровски, Трајкоски, Глушески (Ѓероски), Јанчески, Ѓорески (Н. Ефтинџиоски), предводени од тренерот В. Шаркоски. В недела е дуелот дома со Големо Коњари.

Табела: Вардар Неготино 28, Бабуна 27, Партизан 25, Превалец и Росоман по 22.

Loading