ПОЕТСКИ СЛЕМ ПО СЕДМИ ПАТ

Седмипат утревечер од 19 часот во библиотеката ќе се одржи манифестацијата Поетски слем Македонија. Театарската работилница Прилеп, продолжува со успешна организација на традиционалната книжевна манифестација. Досега две победнички на Поетски слем Македонија, Афродита Николова и Елена Пренѓова, зедоа учество на Европскиот поетски слем, а годинава на манифестацијата во Брисел земјата ќе ја претставува Игор Трпчески. Најавено е учество на 20 автори со свои дела, а изведбата и текстот го вреднува жири од публиката.

Поетскиот слем се одржува со поддршка на Министерството за култура преку манифестацијата “Нов културен бран”.

Loading