„АПОТЕОЗА НА СМРТТА“ – ВТОРА КНИГА НА АЛЕКСАНДАР МАРКОСКИ

4 Vtora kniga na Aleksandar   markoskiМладиот автор Александар Маркоски пред јавноста ја претстави втората книга “Апотеози на смртта”. Се работи за книга од 7 раскази, преку кои авторот, употребувајќи реалистичен цинизам, прави обид да ја исмее смртта, сведувајќи ја на минлив обред низ кој порано или подоцна мора да поминеме сите.

– Главните ликови во расказите честопати запаѓаат во надреални ситуации, кои како проекција на нивната свест и потсвест, ја прикажуваат постојаната борба меѓу животот и смртта. Преку филозофијата на Кант, Хегел, Ниче, Расел, авторот ги “тера” читателите да размислуваат за  општествените вредности и можностите кои може да ги подари животот, кој претставува привилегија со одреден рок на траење – рече промоторот Јане Ѓорески, потенцирајќи дека станува збор за дело кое треба да се прочита, но и да се размислува со големо внимание.

Маркоски претходно ја издаде книгата “Човекот кој стана Феникс”. 

Loading