ПАДНА ВАРДАР, ПАЃА И ШКЕНДИЈА

Фудбал: Ново дерби на Могила

-В недела неопходна е поддршка од публиката

Moment od mecot Pobeda -   Vardar

Нема многу одмор за фудбалерите, ниту за гледачите. Фудбалските возбудувања се наредени за секој четврти ден, така што задутре е 13 коло од Првата лига. На стадионот “Могила” в недела (13.30 ч.) претстои ново дерби на Победа, со лидерот на табелата, Шкендија. Фудбалот дава примери дека нема апсолутни фаворити и аутсајдери. Затоа се очекува неизвесен меч. Тетовците се фаворити поради моментниот пласман. На страната на домашните се последните два меѓусебни меча, на кои имаат триумф дома од 1-0 и реми во Тетово од 3-3.

Дека никој не смее да ја потцени Победа се покажа во неделата, кога на Могила со 1-0 преку голот на стоперот Дарко Илиески беше соборен шампионот Вардар. Не само резултатот. Охрабрува играта на домашниот состав. Фудбалерите имаат самодоверба во вредностите и со срце играат од првата до последната минута. Најреална е статистиката. Победа изведе четири, Вардар само еден корнер пред крајот, испрати десет удари кон голот, наспроти петте на гостинот. Само вака треба да се продолжи, оти само борбата доведува до успех и против шампионот и со последниот на табелата.

В недела е потребна поддршка од публиката. Со Вардар имаше празни места на трибините, а за дерби мора да е преполно со навивачи. Има што да се види. Во екипата на Победа на составот од голманот Талески до шпицот Цветаноски, се придодава повратникот Гешоски. Во тимот на Шкендија се квалитетни играчи како Цуцули, Абдурахими, Ибраими, Хасани, Жуниор, како и прилепчанецот Радески. Ова ќе биде и тренерски дуел, Бубања – Османи.

Претходно, во средата, во Скопје, се одигра натпреварот Шкупи – Победа (1-0).

Loading