ПИЈАНО РЕЦИТАЛ НА АНА ГАЦЕВА

Музички рецитал на пијано ќе има Ана Гацева вторник на 31 октомври од 17 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Таа ќе се претстави со исклучителен избор на музичка програма во која вклучува дела од автори од сите музички епохи. Концертот доаѓа по неодамнешната успешна турнеа во Холандија, каде нејзиниот настап е оценет како моќен, прекрасен и екстремно експресивен.

Гацева е редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е автор на книгата „Пијанистички техники во концерти на композитори-изведувачи од светската музичка сцена“. Таа соработувала со врвни пијанисти и педагози. Во 2012 година е добитник на наградата „Георги Божиков“ за најдобар музички изведувач на Сојузот на композиторите на Македонија.

Loading