ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ

Ракомет

Во недостиг на спортски настани во градов, викендов во „Ричко“ убаво е да се проследи мечот од Женската ракометна лига, Деспина – Металург. Гостинскиот тим е повеќекратен државен шампион и апсолутен фаворит на овој меч. Меѓутоа, есенва има пад во квалитетот, а тоа се гледа во двата пораза, од Вардар јуниор и Пелистер, покрај трите победи, над Гевгелија, Овче Поле и Куманово. За домашниот тим е важно што воопшто учествува во лигата, а вакви натпревари се во насока на добивање искуство. Последните два пораза (од вкупно пет) беа од европскиот вицешампион Вардар (11-41) и од Вардар јуниор (21-28).

Во машката Супер лига, Прилеп со отпор загуби (23-26) дома од Пелистер, тим во кој очекувано Чантурија и Орјоникидзе беа најефикасни со по 9 гола, а одлични одбрани имаше Рајчиќ. Викендов е гостувањето кај Вардар јуниор во Скопје.

Loading