„АЛАДИН И ВОЛШЕБНАТА ЛАМБА“ ПРЕМИЕРНО ВО „ЦЕПЕНКОВ“

4 aladin i volsebnata lamba

„Аладин и волшебната ламба“ е новата хит претстава за деца и млади, која премиерно ќе биде изведена в недела од 12 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“. Претставата е проект на Танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности „Зодијак“, во партнерска соработка со училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“.

– Најголемиот предизвик во подготовките и адаптацијата на цртаниот филм Аладин и волшебната ламба од Дизни за сценска изведба не е само технички, но и комичен, во намера да се најде начин да се репродуцира извонредниот магичен вокален лик на Џинот во изведба на Робин Вилијамс. Тоа е збогатувањето на македонскиот фонд на адаптирани дела од светската драматургија надополнети со македонски сонгови за музичко-сценско дело.  Дејството е во средниот исток, во Арабија. Формулата на Дизни е позната како секогаш е обичен херој Аладин со насмевка на лицето. Тој плени со избувливата, прото-феминистичка принцеза Јасмин, која се бунтува против судот и традицијата на општеството. Тие се носечките ролји на овој музичко сценски спектакл. Аладин е еден од несоодветните лица од улиците, кој краде храна да преживее. Големиот везир на градот Џафар, во обид да се бори за престолот, сака да влезе во некоја мистериозна пештера, во која тој ќе наиде на многу знаење. Но, за да влезе мора да биде во можност да го дознае идентитетот на Аладин и да ја искористи неговата помош, бидејќи челуста на мистериозната пештера се отвора само со него, бидејќи тој е како груб дијамант (необработен/суров). Љубовната приказна меѓу Аладин и Јасмин е проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи сонгови на македонски јазик од вообичаената Дизниева практика, убави разиграни кореографии и мизасценски решенија, колоритни костими, кои се уредно спакувани, пополнувајќи ги сите дупчиња во една детска магична сложувалка – вели Кире Миладиноски, кој го направи преводот, драматизацијата и адаптацијата на македонски јазик, а воедно е и режисер, кореограф и автор на сонговите. Асистент на кореографијата е Климентина Трајческа, музиката е на Алан Менкен и Томе Темелкоски, додека гласови во сонговите се на Томе Темелкоски, Александра Трајческа, Даниел Павлоски и Марија Стеваноска Темелкоска. За видео мапингот с погрижи Саша Нацевски.

Играат, Дарко Карбески, Давор Петровиќ, Елена Соколоска, Марија Димеска, Бобан Смилкоски, Анастасија Конеска, Валерија Чавлеска, Рената Трајкоска, Евгенија Кузманоска, Марија Стеваноска, Лилјана Јованоска и Деспина Башеска.

Продукцијата е помогната од Министерството за култура, ЛС и ЦК “Марко Цепенков”. 

Loading