ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ

Фудбал

Екипата на Победа е во налет, постигна триумф дома против Скопје (4-2), а зеде бод со Ренова во Тетово (0-0). Вратен е оптимизмот спроти саботното пелагониско дерби во Битола, со Пелистер. Тоа е шестиот меѓусебен прволигашки дуел во најново време, а во претходните пет далеку подобри беа битолчаните – со четири победи и едно реми. Прилепчани имаат шанса да возвратат. Успех ќе биде и бод под Тумбе Кафе. Во екипата на тренерот Славољуб Бубања нема казнети за картони, а повреден е само бекот Ервин Качар. Во паузата беше одигран тренинг-меч, добиен со 5-0 против Младинскиот тим.

Табела: Шкендија 25, Вардар 16, Академија Пандев 14, Силекс 13, Шкупи 12, Пелистер и Победа 9, Работнички и Ренова 7, Скопје 4.

Loading