ПРИТИСОКОТ Е ВРЗ ПЕЛИСТЕР

Ракомет: Ице Соколески, тренер

– В сабота е пелагониското дерби

Ekipata na Prilep

Ако се бара „шлаг“ на сезоната во машката Супер лига, тоа секако е пелагониското дерби Прилеп – Пелистер в сабота, 19.30 часот, во салата „Ричко“. Гостите се кандидати за првото место, домашните сакаат да се покажат пред својата публика. Мечот е привлечен поради неизвесноста.

За актуелностите еве што вели тренерот Ице Соколески.

Есенва имате една победа и два пораза?

– Поразот од Металург 2 не требаше да се случи. Не е оправдување и судиската неправда. Имавме лош ден. Следеше вреден триумф дома над мошне квалитетен ривал, Пролет, кој го скршивме во финишот. Потоа дојде пак пораз во Велес. Имавме добра одбрана, а лошнападот лош. Бргу паднавме и тешко беше да се вратиме.

Паузата?

– Поради откажувањето на Младост Богданци, бевме слободни во 4 коло. Празнината ја пополнивме со тренинзи. Ги анализиравме снимките од натпреварите и ги детектиравме грешките, кои треба да се поправат.

Пелистер?

– Стартуваше со минимален пораз во Радовиш, а потоа нареди три победи, над Металург 2, Пролет и Борец. Посилната страна им се голманот Раичиќ, бекот Орјоникидзе, пивотот Димитровски, како и крилото Чантурија.

Негативната страна?

– Фаворити се. Тоа е притисок, но и врз нив. Затоа што неуспех не е ако не го совладаш фаворитот, туку ако фаворитот доживее неуспех.

Вашата обврска?

– Борбеност. Не е срамота да загубиме од подобриот, но е срамота да не се бориме на нашиот терен докрај, без оглед на исходот.

Играчкиот фонд?

– Само Тодороски има проблем со ‘рбетот, а останатите се здрави. Очекувам максимум.

Публика?

– Очекуваме голем број навивачи. Заради гледачите, и терминот е половина час подоцна да можат и тие што прво ќе гледаат тв-пренос, да дојдат во салата. 

Камческа со 28 гола

Во првите три кола од Женската лига тимот на Деспина доживеа порази, последниот дома од Пелистер (19-27). Има и светла точка – пивотот Михаела Камческа. Таа постигна вкупно 28 гола и е при врвот од листата на стрелците. Во средата наместо дома, екипата гостуваше кај европскиот вицешампион Вардар. Викендов пак гостува, на Вардар јуниор.

Loading