ИЗМЕНЕТ СИСТЕМ

Пинг-понг

За оваа сезона Пингпонгарската федерација воведува новина во системот. Наместо стандардното „дома – гости“ предвидени се четири турнири во полусезона, на кои секој тим ќе има по два меча. За да се добие меч досега беа потребни пет победи, а отсега ќе бидат доволни четири, бидејќи наместо девет, ќе има седум дуели. Првите три се поединечни, потоа еден во двојки, последните три пак поединечни. Градов има два претставника. За Младост ќе играат: Зоран Јованоски, Пеце Јованоски, Ѓоко Јочкоски и скопјанецот Ристе Темелков кој е замена за заминатиот Миле Петрески. За Младост 96 ќе настапат: Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски, Марио Апостолоски, Христијан Иваноски и Гоце Тошески, повратник од Струга, наместо Александар Штаргоски, заминат во Работнички.

Стартот на Лигата е на 22 октомври.

Loading