НИКОЛА СМИЛКОВ СО „ЕМОТИВНА ГЕОМЕТРИЈА“

Изложба  на скулптури

„Емотивна геометрија“ е тематската изложба од скулптури од Никола Смилков, што ќе биде отворена вторник во 19 часот во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”. Уметникот нуди мали монументи на емотивни реминисценции, чија геометрија е длабока и персонализирана.

Делата не се ладни, стерилни геометриски форми, ами јасно изразени антропоморфни, дури и персонализирани фигурации. Тие не се апстрактни, затоа што длабоко проникнуваат во суштината и носат јасна емоција – реминисценција на едно детство. Оргиналниот израз открива истражувачка скулптура. Токму ритамот ја дава монументалноста.

Смилков е професор на Педагошката академија во Штип и учесник на многу колонии. Имал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство.

Loading