ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА И РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА

За 60 годишнината на ЦСЛУ

Со панел дискусија и ретроспективна изложба ЦСЛУ вечерва ќе одбележи 60 години. За ликовните колонии денес и за нивното значење, за развојот на ЦСЛУ, за заштита на културното наследство, за предизвиците и иднината…, во библиотеката ќе говорат македонски творци и историчари по уметности и претставници на Министерството за култура. Во 19.30 часот во галеријата “Борко Лазески” ќе биде отворена ретроспективната изложба “60 години интернационална сликарска колонија, ликовно творештво во ЦСЛУ”.

ЦСЛУ го основаа проф. д-р Бошко Бабиќ и академскиот сликар проф. Ристо Лозаноски. Идејата од 1956 година ја преточиле во реалност во 1957 г. со формирање на првата ликова колонија на Балканот и во Југоисточна Европа.

– Колекциите на ЦСЛУ овозможуваат избор на најразновидни експозиции на сликарските и вајарските дисциплини. Творците од различни ликовни средини од земјава, Европа и другите континенти, во  годините создаваа творби и ја збогатуваа ликовната уметност и ризницата во Прилеп.

Во рамките на ЦСЛУ се Интернационалната сликарска колонија, Интернационалниот скулпторски симпозиум во мермер (1963), Интернационалното студио за пластика во дрво (1971), Интернационалното ателје за витраж (1975), интернационалната работилница за керамика (1975), ателјето за уметничка фотографија (1978), ателјето за мозаик кое повремено се одржува,  Интернационалното ателје за скулптура во метал (1984) и студото за меил арт од 2015. Создадени се илјадници дела презентирани на изложби во земјата и во странство.

Loading