ОТВОРЕНА ШКОЛА ПО 15 ГОДИНИ

Пинг-понг – ППК Младост 96

– Почетна обука имаат петнаесетина деца

Kire Gjorgjieski so malite    pingpongari

Со почетокот на школска година, почнаа со работа и спортските школи, меѓу нив и пингпонгарската во ППК Младост 96. Тоа е значајно оти години гледаме повеќе стари лица отколу млади да ги бранат боите на прилепските клубови. Со школа раководи тренерот Кире Ѓорѓиески.

Колку ,,празни” години поминаа?

– Околу 15 години. Тоа е голема пауза и затоа имаше потреба од школа. Веќе нема кадри, а и тие кои ги имаме заминуваат во Скопје. Затоа направивме школа и Прилеп да ја продолжи богатата пингпонгарска традиција.

Условите?

– Пред неколку години кога бев во Лерин, Грција, немаше скоро никакви услови овде. Кога се вратив, работев да заживее салата. Помогнав и задоволен сум.

Првиот впечаток?

– Во Прилеп не за школа оти има интерес кај децата. Во моментов сум сам тренер и затоа работам со некоја оптимална бројка од 13 до 15 деца, од седум до 10 години, женски и машки. Ако имам помошник би имале и повеќе.

Првите тренинзи?

– Условите се добри. Имаме и робот. Проблем е тоа што рекетите децата сами ги купуваат, а и топчиња немаме доволно. Сето тоа ќе се надмине.

Обуката?

– Се учи почетниот став, техниката на ударите. Потоа имаме посложени елементи: движење со нозе, работа со раце. Истото како во Грција, каде имав одлични резултати. Ми лежи работата со децата, трпелив сум. Важно е да им се приближиш, да те прифатат малите, да те разберат.

Талентот?

– Има многу талентирани деца. Се надевам дека ќе прераснат во  државни пионерски прваци. Услов е четири-пет години да работат во  континуитет. Затоа што работата е суштинскиот фактор кој создава играчи.

Првите натпревари?

– Уште есенва има деца за државните првенства. Не се надевам веднаш на голем успех, но важно е да учествуваат за стекнување искуство.

Подготовки на сениорите

И сениорите се мобилни. Градов има два суперлигаша, Младост 96 и Младост. Имаат уште малку од подготовките за претстојната сезона. Новото првенство е во октомври и се очекува да го повторат минатогодишниот успех, кога го задржаа статусот.

Loading