КОНЦЕРТ НА ЖЕНСКИОТ МЛАДИНСКИ ХОР МКЦ СКОПЈЕ

Nastap na Zenskiot mladinski hor   MKC Skopje

Концерт вечерва од 20.30 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе изведе Женскиот младински хор – МКЦ Скопје, под диригентската палка на Сашо Татарчевски. Концертот е во рамките на одблежувањето на 45 години од формирањето на хорот. На програмата се  дела од Перлуџи, Скаловски, Шуплевски, Прокопиев, Скаловски, Кирил Македонски и др..

Од формирањето до денес, ансамблот изведува разновиден репертоар и покажува дека и пеачите аматери можат да постигнат професионални резултати. Хорот имал соработка со ансамбли и млади композитори и затоа издал две ЦД-а.

Во минатите 45 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали, промовирајќи се во културен амбасадор на Македонија.

Loading