ИЗЛОЖБА ОД ЈОРДАН ЕФРЕМОВ

Изложба на дела од Јордан Ефремов ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Штипскиот уметник ќе се претстави со дела кои се со високо занаетчиство и естетска мерка.

– Убедливата фактура на платното открива зрелост и способност за изразување, но и видлива тенденција на автономен и автентичен ракопис. Ликовно-концепциската предлошка е крајно инспиративна и сугестивна – забележа Антони Мазневски.

Според Ана Франговска Стојановска, нурнувајќи се во “магичните светови”, мајсторски отелотворени во последните ликовни остварувања на Ефремов, стануваме сведоци на органски свет со реминисцентни задршки на антропоморфни претстави и вегетациски асоцијации.

Ефремов е дипломец на сликарскиот оддел на ФЛУ во Скопје. Таму и магистрирал.Имал самостојни изложби во Куманово, Кавадарци, Велес, Скопје, Штип и бил дел и од групни претставувања и учесник на колонии. Професор е на Универзитетот во Штип.

Loading