МАРИОВО – ЖАРИШТЕ НА РАНОТО ХРИСТИЈАНСТВО

21743051 10210234517724299 5652780827245939962 n

Културниот центар „Калеш Анѓа“ од селото Крушевица в недела ќе ја  одбележи 114 годишнината од битката кај Маргара, при што ќе се промовира и монографија за случките од овој настан.

Новинарот, писател и истражувач, Тренчо Димитриоски, кој неколку децении ја афирмира и популаризира културата и историјата на Пелагонија, Мариово и Прекурид, ја запозна јавноста со остатоци на ранохристијанската култура во  Мариово. Според него, во почетокот на христијанството се развила висока култура со бројни остатоци во атарите на селата Дуње, Витолиште, Градешница и во другите делови на овој предел.

– Се среќаваат остатоци од ранохристијанската архитектура и симболика од почетокот на развојот на христијанството на Балканот и во Македонија – потенцира Димитриоски.

Преку фотографии и збор се пренесува дел од ранохристијанското богатство.           

Loading