НОВА ГРАДИНКА ПРЕД ПАНДЕЛКА

Во ОУ „Рампо Левката“

8-4 2

Финишира адаптацијата и реконструкцијата на првиот спрат од ОУ “Рампо Левката”, кој за брзо време ќе прерасне во уште една нова градинка. Градинката ќе има посебен влез и хортикултурно уреден двор за забава и игра на децата. Овој дел од просторот на училиштето не беше искористен. Според динамиката, се очекува завршница за 2-3 недели.

Градските власти вложија околу 2,5 милиони денари за обезбедување на нови сместувачки капацитети за 100 деца. Се очекува наскоро да се донесе и инвентарот. Градинката е значајна за родителите од наслебите Корзо, Чачорица и Тапани.

За неколку години сместувачките капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст се зголемени за 200 места. Градинки се отворија и во Канатларци, Беровци, Тополчани и Големо Коњари.

Loading