НА ВЕЛЕСКИ МУ ОДИ ВО ХРВАТСКА

Шах

Прекрасно изгледа табела на која наш спортист е на чело, а на важен турнир во странство. На ФМ роберт Велески во Хрватска му успеа во Хрватска, на турнирот во Хума на Сутла, каде често настапува и има одлични пласмани, да го освои првото место во конкуренција на 68 шахисти од повеќе држави. Подвигот е поголем ако се знае дека стартуваше како осми, според рејтингот.

– Победив со многу среќа што ме следеше на целиот турнир – смета Велески.

Со седум поени надмина велемајстор и неколку интермајстори, а потоа продолжи на друг турнир – Опен Пула.

Loading