МОТО РЕЛИ НА КОЦКА

8 avto moto reli

Старите слики ја доловуваат и историјата на моторциклизмот во градот. Пред шест децении првите пасионирани моторџии се организирале да се натпреваруваат со овие, за тоа време, ретки превозни средства. Трката низ булеварот и дел од прашливите улици и калдрмата ја предизвикала љубопитноста. Многу народ се собрал на стартот кај рекламите да ужива во вештините на првите моторџии при управување со овие возила на две тркала со мотор. Додека набљудувачите навивале, останувале вчудоневидени и без здив, оти дома одгледувале магариња за превоз на тутунскиот род од полето до дворовите, неколкуте чорбачиџии, сопственици на автомобилите кои се броели на прстите од едната рака, се подбивале на моторџиите кои се прашеле и се заштитувале од дожд и снег со очила и шлемови. Се мајтапеле, бидејќи управувале покриени возила на четири тркала, крај пајтоните и арабаџиските коли, влечени од маски коњи, па и од ѕевгар волови. Не му било сеедно и на тогашниот директор на комуналното претпријатие кое со две коли, тргани од два коња, го одвезувале ѓубрето. Се сакалдисувал, оти со специјално направена црна кочија се одведувале мртовците до гробиштата, следени од пешачката поворка на покојникот. 

Loading