ЗАВРШИЈА ГОДИНЕШНИТЕ АРХЕОЛОШКИ ИСТРАГИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ ВРБЈАНСКА ЧУКА МЕЃУ СЕЛАТА СЛАВЕЈ И ВРБЈАНИ.

Истражена Врбјанска чука

Vrbjanska-Cuka

– Во антиката и средниот век овие градби се вкопувале јами што се користеле за чување на жито при жетварните активности. Концентрацијата на земјоделството на овој локалитет има традиција од неолитот. Потврда се пронајдените стопански конструкции, како амбари, сандаци и корита во кои се чувало и обработувало житото. Тука се и многу пронајдени мелници во и надвор од куќите, што го истакнува локалитетот како позначаен неолитски стопански центар. Во ентериерните структури се пронајдени мноштво садови со висок квалитет, фигурини, жртвеници, антропоморфни модели на куќи, кугли за праќа и алатки од камен и коска. Тие се податоци за духовната култура и секојдневието на првите земјоделци. Зооархеолошките и археоботаничките анализи потврдија присуство на доместицирани и диви животни и растенија. Со тоа се направи темелен увид во стопанството и исхраната на жителите во неолитската населба на Врбјанска Чука – велат од општина Кривогаштани.

Истражувањата и годинава се финансираа од Швајцарскиот фонд за наука, Министерството за култура, Општината Кривогаштани, Универзитетот на Јужна Бохемија и Институтот Биосенс.

Loading