ТИКВИТЕ ЦУТАТ ВО ВИЗБА

-Ај за многугодини денов да е, Ванде!

-Чул те Госпо, шефче. Шо така рано?

– Го „тепем“ денот од мене до тебе. Да не биди за џабе, оди кај паметен чоек, барем че на учиш нешто. И еве ме кај тебе.

-Да, бе. Сио акл е собран во мене. Ај не се лади. Ако ти е до то, појди до мариовскана меана и слушај си.

-Да. Некни слушнав нешто шо тешко се слуша на друго место.

-Не заебавај, шо то?

– Седи Жиката со еден чоек. Не го знам кој е. Му вели да се напие нешто, оти ги зел парите за собвенции. Чоекот, зинат, гледа и слуша. Чека да докажи.

-Ти ме матосуваш? Жиката и земја, па и субвенции! Нешто не е во ред?

-За сé шо насадил, за се лапнал. Само за тиквите не зел. А чоеко, ко од полскине села, уште појче ги ококори очите и ги начули ушите.

-Е сега ми е јасно, шевче.

-Тебе јасно, а нему матеница. Му вели, ,,знајш зошто,,. Чоеко крева раменици. Овај му вели дека го заебал тој шо му го продал семето. Ги сетил уште ко  никнале првите ластари. Наместо на сонце, му велел, цветојте да врзат тикви прво во визба. Неколку дена, тој извај ги на сабајле на сонце, приквечер ко че се приберел дома, пак во визба. Ај мајката си вели, на ластариве да нé растат печурки. И печурките можи се отровни. Власта, за нив, не дава пари. Ватил ги искорнал сите до една. Ванде,чоеко не трепна, мислиш труп.

– За греота. Не знаел со кого седнал муабет да прај.

-Едно време голтна ко со зорт и како да си дојде на себе. Туку, зошто тебе Атата те вика скопјанец?

-Ееее…

-Ај здраво.

Џага Дур

Loading