ОВЦА НА ПЛОШТАД

5 ovcata v carsija

Кротка овца како домашен миленик прошета еден наш сограѓанин низ плочникот. Овцата не ја напасуваше со свежо навадена сочна трева во паркот, ниту ја разладуваше во фонтаните, туку ја запознаваше со врелиот асфалт крај рекламите, додека поголемиот дел од прилепчани крај малите екрани скандираа за соперниците на фудбалскиот суперкуп во Скопје. Небаре дресирано, миленичката со дебело бело крзно одолеа на врелата августовска ноќ. Домашното животно што се одгледува за млеко, волна и месо, без име, иако без ортома трпеливо го чекаше сопственикот додека тој вечераше во еден од рестораните во старата чаршија.

Loading