ГОРИ ПОД ТРЕСКАВЕЦ…

2. Plameni jazici mu se zakanuvaat na Treskavec

Огромни пламени јазици ја голтаа боровата шума на патот за манастирот Трескавец. Стихијата се  движи нагоре и му се заканува на манастирскиот комплекс во изградба. Во пламен е планината под манастирот и во атарите на селата Мажучиште, Забрчани и Горно Село. Граѓани во ноќните саати во средата, заедно со пожарникарите и работниците на Црн бор, се бореа со огнената стихија. И градоначалникот Марјан Ристески повика доброволци да се заштити манастирското културно наследство. Побара од надлежните  да ги откријат причините за пожарот.   

Гори шумата и во околината на манастирот Св. Илија Писокал кај превојот Слива за Мариово. Неофицијално огнот го предизвикал гром. Пожар има и во атарот на селата Дрен и Смолани, но според пожарникарите тој е ставен под контрола, а дежурни екипи го надгледуваат. Гори кај Никодин во насока кон манастирот Степанци на велешка страна. Во гасењето се вклучени и авионите на ДЗС.

3. Zeleno bogastvo vo plamen

Loading