РУСИТЕ И ПОЛЈАЦИТЕ НАЈДОБРИ

Спортско моделарство

Прекрасно Европско јуниорско првенство се случи на Спортскиот аеродром по заслуга на домаќинот, клубот ,,Фил феникс” со директорот Здравко Тодороски, поддржан од Воздухопловната федерација на Македонија и Агенцијата за спорт и млади. Точно 88 пилоти претставија 19 држави, од кои најсупешни беа Русија и Полска.  Во дисциплините Ф1А (едрилици), Ф1Б (гуменици) и Ф1П (клипеници) Русите освоија најмногу медали – пет, а Полјаците се најдобро рангирани во генералниот пласман. Македонија на својот прв настап го освои солидното 11 место, во состав: Анастасија Пожарска, Бојан Ангеловски, Александар Пацароски и Александар Цветановски. Претходно на истото место се одржа Светскиот куп ,,Трофеј на Прилеп” на кој и Македонците зедоа медали. ,,Сребрени” беа Климент Масин и Коста Стојановски, а ,,бронзени” Небојша Стошиќ и Ристо Барбуловски.

Сениорската репрезентација в сабота го завршува настапот на Светското првенство во Унгарија.

Loading