СЕ ГЛЕДААТ КОНТУРИТЕ НА НОВИОТ СТАДИОН

Zabrzano se rekonstruira stadionot

Со несмален интензитет се реконструира градскиот стадион „Гоце Делчев“. Веќе се санира теренот. Се гради нов дренажен систем. Ќе се постави систем за автоматско полевање, ќе се засади нова трева која ќе се одржува со современа опрема. Паралелно се поставува осветлувањето со нова електрична инсталација и столбови за рефлектори.

На почетокот на август ќе почне реконструкцијата на малата трибина. Ќе се постават нови седишта. Ќе се реконструираат  постојните простории. Проектот вклучува и доградба на нови простории и сала за прес конференции.

Со втората фаза која треба да стартува најскоро, ќе се реконструира целосно големата трибина. Ќе се постават нови столчиња, пултови за медиуми, нови санитарни јазли и целосна санација на спортскиот комплекс.

Поголем дел од средствата се од договорот на ХЕТ ТРИК 4, програмата на УЕФА во вредност од околу 700.000 евра. Пари се наменети за осветлување и реконструкција на теренот. Останатите зафати се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа во висина од 45 милиони денари. Се очекува  стадионот да блесне во средината на идната година.

Loading