ЏИП ЗА СВАДБЕН ПОДАРОК

2 Em prsteni  em dzip semejstvoto Shosheski

Со џип изгребан на грепка на Лотарија на Македонија заплива во брачните води младата двојка Мартина и Орде Шошески.  Покрај нив, џип ќе вози и семејството Батлески.

Необичен е начинот на кој Шошески го добиле џипот Киа Спортаж. Ќе го паметат моментот на стапувањето во брак. Имено, другарки на Мартина, наместо цвеќиња за свадбата, и донеле грепки. Во една од нив била главната награда. Младите свечено ги добија клучеви од претставниците на Лотарија на Македонија.

Двајцата, видно расположени и насмеани, не можеа да ја скријат радоста.

– Уште кога ги гребевме не ни се веруваше на очите дека има три автомобили и дека сме добитници на главната награда. Таа дојде за подарок за стапувањето во брачните води од наша другарка. Наместо свадбен букет, таа ни подари плико со неколку грепки. Домашната акција на гребење ја споделивме со мајката на Ордан. Заедно со другите, добивме околу 80 лозови – велат младите Шошески.

Мартина купувала лозови, шегувајќи се со продавачите дека дошла по автомобилот. Последниот пат веќе не се мајтапела, а тој и одговорил дека веќе дошол добитникот, младоженец. Со лозот в раце таа рекла дека е невестата.

Мартина и Ордан немале автомобил. Младата по свадбата положила за возачка дозвола.

3 Zdravica za skrekata vo semejstvoto   Batleski

Последно време е тренд да се носат лозови на Лотарија на Македонија на свадби, наместо цвеќиња и бонбониери.

Ова е прв случај младенци да добијат поголема добивка.

За свечениот чин пукна шампањнско и се пресече торта.

Loading