СПАСКИ И ФИШЕР НЕ ДОЈДОА

Историја

Еден од шаховските класици е мечот за титулата светски првак, Спаски – Фишер, во 1972 година, кога не се судираа само најдобрите шахисти, туку и најмоќните и најспротивставените држави, СССР и САД. Се нудеа градови – кандидати за домаќини на тој дуел, што беше предвиден да трае безмалку два месеца. Како кандидат се спомна и Прилеп, односно ДИК ,,Црн бор”, компанија што најави организација за 40 илјади долари. Информирано беше дека кандидатурата ќе биде доставена до претседателот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), д-р Макс Еве. Потоа детали не беа објавени, но желбата не се оствари. Дуелот се одржа во Рејкавик, Исланд, од 11 јули до 3 септември.

Фишер стана првак со победа од 12,5 – 8,5.

Loading