КОНЦЕРТ НА ДУОТО РИБАРСКИ

Прилепско културно лето

Концерт на пијано и тромбон ќе одржи дуото Рибарски вторник, 18 јули од 20 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Милица Шперовиќ Рибарски на пијано и Кирил Рибарски на тромбон, за 40 годишнината од заедничкото музицирање, подготвија исклучителна програма со дела од Дебиси, Равел, Шопен, Крајслер, Монти, Рибарски и др.

Дуото настапувало во 30 земји низ Европа, Азија, Америка, во Париз, Виена, Рим, Санкт Петербург, Њујорк… 

Loading