ЦВЕТНА КАЛДРМА

8 Cvetnata ulica nekoga vo kaldrma

Жива беше калдрмената улица или сегашниот цветен „сокак“ во Старата чаршија. Таа беше една од главните влезови во чаршијата и во градскиот пазар. Секојдневно се „точкаа“ арабаџиски коли, амали, маски со кошеви и натоварени магариња, со по некој велосипед и автомобил. Беше артерија, зашто водеше кон Тризла и Аличаир. На денешната цветна улица функционираше градската бања. Особено беше “проодна” со свекрви и снаи во сабота, кога се одеше на капење во врелите одаи, како сауни, и претсобјата, затоплени со мангали. Фреквентноста можеби ја овозможуваа патеката кон плочникот кај поранешниот хотел Јадран и корзото, потоа неколкуте еблебеџии, бербери или пак месната канцеларија со “голема” сала за средби на граѓани и читална и местото за првите игранки в чаршија. Вниманието го свртуваше и дуќанот за производство на газози.

Мина времето, се смени физионимијата. Калдрмата се претвори во бекатонски плочки, а околината се дизајнира со цветни жардинери, ресторани, бутици и кафетерии. 

Loading