НОВ ГОЛМАН ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Машкиот ракометен суперлигаш, Прилеп, го одреди првото засилување за наредната сезона. Станува збор за квалитетен и искусен голман од домашното првенство, чие име ќе биде објавено на прес-конференција. Кои други чувари на голот ќе останат да му прават друштво засега не се знае, дали Трајковски или Куртановиќ. Околу ова има повеќе комбинации. Се очекува уште еден – двајца нови играчи, а паралелно и задржување на досегашниот кадар со кого успешно раководеше тренерот Ице Соколески. Сигурно дека ќе се бара замена за бекот, Грузиецот Орјоникидзе, кој е единствениот заминат. Најверојатно продолжува во Пелистер. 

Подготовките ќе стартуваат по празникот 2 август, потоа е турнирот ,,Миле Нешкоски”, а првенството стартува на 16 септември, со гостување на Металург во Скопје.

Loading