ОСВОЈУВАЧ НА ЛИКОВНИ КОЛОНИИ

Уметницата Билјана Бинчев

Bincev aktivna na umetnickata   scena

Уметницата Билјана Бинчев е активна не само во земјава, туку и во  странство. Таа е единствен претставник од Македонија на интернационалната колонија во Беране – Црна Гора, откако о учествуваше на колонијата Дрен во организација на ЦК „Марко Цепенков” и во Дебрца, охридско. Како дел од стручниот тим  беше и во детската колонија во Кратово.

– Од големо значење е творештвото на ликовните колонии. Учеството е збир од многу енергија, повеќе стилови и размена на искуства со колегите кои негуваат различни уметнички правци. Се отвораат пространства за ликовен развој. Како млад автор, се гордеам што сум единствена Македонка во Црна Гора, каде творам со колеги од Египет, Русија, Индија… – вели Бинчев, потенцирајќи дека потоа ќе го претставува Прилеп и на сумпозиум во Романија.

Loading