НЕСТОРОВСКИ 20 ПАТИ ПОСКАП ОД ЛАНИ

Италија

NESTOROVSKI 2

Летово се очекуваше сигурен трансфер на Илија Несторовски од Палермо во некој поголем европски клуб, но, настана проблем во цената. Прилепчанецот во споредба со лани, кога од хрватскиот Интер Запрешиќ беше откупен за 500 илјади евра, сега е поскап за 20 пати! Имено, Палермо не го пушта за помалку од 10 милиони евра. Заинтересирана била Фиорентина, некои клубови од Англија и Шпанија, но како што стојат работите, можно е да продолжи во второлигашот Палермо.

– Целта е јасна – враќање во Серија А. Ќе бидам најискрен: Несторовски е наше дете и само ако некој дојде со понуда од 10 милиони евра, ќе преговарамеи. Десет милиони на рака и Несторовски си оди. За помалку останува – рекол претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини.

Зошто е толку скап, е многу јасно. Даде неколку гола за репрезентацијата на Македонија и 11 пати мрежите ги тресеше за Палермо.

Loading