ОБУКА НА МЛАДИ ПЛАНИНАРИ

Кој учесник на републичкиот камп за обука на млади планинари ќе го добие називот бронзен, сребрен и на крај „златен даб”, ќе се знае в недела кога ќе заврши петдневната едукација организирана од ПСЗ „Козјак” во соработка со Младинска комисија и Центар за обука при ФПСМ. По добивање на трите младински стручни називи, планинарот стекнува право да полага и да добие лиценца за Младински планински лидер. Кампот во манастирот во селото Беловидица претендира да ја вгради љубовта кон планината и природата кај помладите, да ја научат планината нејзините убавини и опасности.

– Кампот има и еколошка цел. Ја поттикнуваме свеста за зачувување на природата и нејзините убавини кои се со непроценлива вредност – вели Бојан Станимировиќ, од Младинска комисија при ФПСМ и ПСЗ „Козјак”.

Обуката опфаќа теоретски и практичен дел, преку игри, врзување на јазли, подготовка за планинарење, потребна облека и обувки, зависно од временските услови, логорување, ориентација во природа, флората и фауната итн. Учествуваа млади на возраст од 14 до 20 години. 

Loading