СО БОЛНА НОГА ДО БРОНЗА

Борење

Тројца претставници имаше БК 7 Мај Леов на Меѓународниот турнир ,,Македонски бисер” во Штип: судијата Илчо Марковски, репрезентативниот тренер Саше Игнатовски и единствениот борач Теодор Темелковски. Еден – вреден. Осумнаесетгодишникот вторпат настапи на турнирот и беше одличен. Во категоријата до 57 килограми ги надмина и противниците и себеси. Првата борба против ривал од Велика Британија ја загуби, добивајќи повреда на ногата. По само час ипол следеше втората борба, со Реџепи од Лирија. И со болна нога победи, при водство од 8-0 успеа да тушира! Претстоеше финалето со Романец, но болките беа преголеми и борбата предадена. Затоа наместо злато или сребро, доби бронза.

Доколку успее да се излекува, следи Европското на 25 јуни.

Loading