СЛАВЕА БЕРБЕРИТЕ И ФРИЗЕРИТЕ

6. Pocit za partizanskite berberi

Со традоционалното присуство на светата божествена литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“, потоа со посета на Могилата на непобедените и положување на свежо цвеќе на двајцата првоборци партизани од еснафот, берберите и фризерите го одбележаа патрониот празник на вториот ден од големиот христијански празник Духовден. Се приклучија и козметичарите кои заедно 364 дена во годината вршат занаетчиски услуги за разубавување. Според Жарко Јованоски, претседател на прилепските фризери при Регионалната занаетчиска комора, манифестацијата традиционално се негува секоја година. Тоа е единствен ден кога не работат. Нов домаќин е Виктор Дамески. 

Loading