БОЖЈИ ДАР НА ЌЕРАМИДИ

2. ZLatko Spirkosk sozdava  minijaturni ikoni za domasen dekor ikMinijaturni ikoni

Со божја промисла, со уметнички дар ги прави иконите на парчињата ќерамиди. Користи природни бои и материјали, но и силикон, зацврстувачи… Иконите од светците се сами посебе магнет за минувачите. Под сенката кај спомен обележјето за Тоше Проески, во близина на ЦК “Марко Цепенков” на импровизираната тезга го поставил својот уметнички труд. Ниту вика, ниту бара муштерии… Почитувачите на традицијата, на исконската посветеност на Бога и во верата, сами застануваат да посегнат по рачната изработка со ликот на светецот кој им значи, им помогнал или го наследиле како закрилник од дедо, прадедо… Згора на сето, малите икончиња се поатрактивни и заради тоа што се светени в црква, па со тоа им се зголемува моќта.

Златко Спиркоски работел во животот се и сешто. Бил и таксист, работел и во јавно претпријатие, во компанија со странски капитал, но од хобито од кое капнува по некој денар, не е со ниет да се откаже.

Loading