МАРКОВСКИ ПОЛАГАШЕ ВО РИМ

Борење

Тренерот од БК 7 Мај Леов, Илчо Марковски, воедно е меѓунареден судија од трета категорија, беше во Рим, Италија, на полагање теоретски дел за втора категорија. Содржината на тестот била теоретско изразување на правила и прописи, изготвување на табеларен приказ на натпреварувачи, начин на ждребување. Резултатите се очекуваат по еден месец. Доколку е позитивен тероретскиот, практичниот дел е во октомври во Пловдив, Бугарија, на Светското за ветерани. Во борењето највисока е првата категорија од каде се избираат судии за Олимпијадата во Токио.

Колегата на Марковски, тренерот Сашо Игњатовски, ја водеше репрезентацијата на Македонија на турнир во Стара Загора, Бугарија каде, во конкуренција на деца од Турција, Бугарија, Грција и Македонија, Петар Стојаноски го освои третото место.

Loading