РОДИЛКА ОД ГОЛЕМО КОЊАРИ ПОЧИНА ВО СКОПЈЕ

Dvaca brakostanaa bez majka

Родилка од Големо Коњари починалоа во Скопје, дознава „Зенит“. Тажната вест ја потврдија селаните истакнувајќи дека првин несреќната мајка била згрижена во прилепската болница, потоа префрлена во битолскиот клинички центар, од каде била транспортирана на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје каде и починала. Според неофицијални податоци, новороденото машко дете е живо. Тоа е второ дете на родилката која претходно имала четиригодишен син. Дознавме дека бремената жена во деветти месец била на возраст од околу 28 години. Била од Велес мажена во селото. Пред неколку дена се пожалила на вртоглавица, по што била пренесена в болница.

До затворањето на весникот, информацијата не ја потврди портпаролот на СВР Битола, Лефтерија А. Миленкоска, ниту пак дознавме за деталите и околностите под кои се случил трагичниот настан. 

Loading