ОПСТАНОК СО ШАМПИОНСКА ИГРА

Фудбал

Кој колку му душа сака нека зборува поинаку, но фактите се кристално јасни. Овогодишното прволигашко првенство е најчистото во историјата на државава. Пропаднаа шпекулациите. За регуларноста придонесе и екипата на Победа. Најчесно се бореше и во најтешкото, кога многумина ја отпишаа. Успеа да нареди пет победи (завчера беше шанса за шестата) и го зазеде спасоносното седмо место. Никој нема никаков приговор. И тренерот на Работнички, Виктор Треневски вели ,,со две раце потпишувам дека македонскава лига е најчиста на Балканот”.

Да се спаси од отпаѓање, Победа мораше да игра шампионски, Го совлада и го ,,прегази” моќниот Работнички среде Скопје со 0-3 (стрелци: Гешоски, Станиќ и Шаркоски”. Со мечот во средата дома против Ренова заврши првенството за играчите на Зоран Штерјовски. Победа ги увери сите, а најмногу себе си, не само дека местото и е во ова друштво, туку дека време е од есен да се бори за Европа.

Табела: Вардар 82, Шкендија 67, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 49, Силекс 46, Победа 41, Шкупи 36, Македонија ЃП 22, Брегалница 21.

Loading