ПРИЛЕП НА ДВА БОДА ДО ВРВОТ

Ракомет

7 Ekipata na Prilep

Машката екипа на Прилеп покажува дека не и е местото во плеј-аутот од Супер лигата, туку во поквалитетната група од плеј-офот. Во оваа фаза се редат победите и врвот е достижен. Водечкиот Радовиш бега само два бода. По двете последователни победи, дома со 27-24 над Металург 2, на гости со 27-31 над Пролет, викендов е мечот дома со Работнички. Против аутсајдерот извесна е нова висока победа како залет за последните три кола. Табела: Радовиш 33, Пролет 32, Прилеп 31, Вардар ј. 25, Металург 2 – 18, Работнички 0.

Во понеделникот продолжи првенството на Женската лига, во кое екипата на Прилеп дома со 17-45 загуби од фаворитот Вардар ј. Практично немаше отпор, а причина се отсуствата и повредите. На голот не беше Дурланова, на бековската линија ја немаше Крстевска, а во играта се повредија Спиркоска и Саздова. Тешко е да се состави тимот за наредните мечеви. Во средата беше гостувањето на Гевгелија ( – ), а викендов е дуелот дома со кандидатот за врвот, Металург. Табела: Вардар јуниор 63, Металург 57, Куманово 45, Прилеп 24, Овче Поле 18, Гевгелија 15, Пелистер 6.

Loading