ЗВЕЗДИН ТРЕНЕР ПОРАЗЕН ВО ПРИЛЕП

Историја

На 25 мај 1980 година екипата на Победа постигна триумф од 3-2 над ОФК Београд, третопласиран во Втората југословенска лига – Исток. Двата бода за опстанок, беа освоени против ривал, воден од прочуениот тренер, Гојко Зец, претходно и потоа стратег на Црвена звезда. Поразот толку го разочара што немаше сили да даде изјава. На фудбалерите не им дозволи да излезат пред новинарите.

– Ќe разговараме за сé, само не за фудбалот – рече тој.    

Головите ги постигнаа Магдески и два Настески. Тренерот Александар Гвозденовиќ настапи со Т. Тодороски – Глушески, В. Димоски, Л. Петрески, Ѓуретиќ, Сусулески (Мечев) – Љ. Георгиевски, Магдески, Р. Ѓорѓиоски, В. Настески, Милосовски (Чупи).

Мечот го проследија 15 илјади гледачи.

Loading