РАСПОЛОЖЕНИ СТРЕЛЦИ

Фудбал

Отворен фудбал се игра во финишот од првенството на Третата лига – Југ, така што се постигнуваат многу голови. Екипата на Напредок Крушеани даде 12 гола на два меча. Прво со 3-5 триумфира на гости кај Младост Удово со головите на Базеркоски, Талески, Димески и два на Крстески. Потоа дома го растури со 7-1 немоќниот Росоман. Меѓу стрелците се запишаа: Базеркоски, Димоски, Чешелковски, Дамески, Крстески и двапати Талески. В недела е гостувањето на Превалец во Велес. Останати од 24 коло: Младост – Г. Коњари, Гемиџии – П. Гули и Кожуф – Партизан О.

Табела: Кожуф 62, Борец 57, Победа 50, Превалец 44, Напредок 40.

Loading