Брдариќ: Прилепчаните многу се бореа

Победа – Шкендија 1-0

2. Golot na Stanic

Победа на Могила со 1-0 го совлада фаворитот Шкендија. Во 25 минута по дијагонала на Ј. Наумоски, топката со нога ја зафати Ѓорѓиевски, а завршниот удар беше на Станиќ.

– Покажеме добар фудбал. Лесно примивме гол, а во нападот не бевме опасни како што треба. Треба да разговарам со играчите, да видиме што не е во ред. Не дојдовме да губиме, а ни се случи пораз. Разочаран сум. Победа не играше според очекувавањата. Како тим од долниот дел на табелата нема многу солуции за посебнаигра. Сепак, играчите многу се бореа, трчаа и дадоа гол, она што ние не успеавме – рече Германецот Томас Брдариќ, тренер на Шкендија.

В недела Победа гостува на Шкупи.

Табела: Вардар 72, Шкендија 59, Работнички 49, Пелистер и Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 29, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

Loading