РИБАРИ НА ГОДИНАТА

Ribari reprezentativci

Екипата на СРД Мамец, во состав Иван Илијевски, Блаже Николоски, Рубин Николоски, Кирил Груески и капитенот Кире Николоски, е прогласена за екипа на  годината во дисциплина лов на риба со јадица на пливка  во категоријата сениори. Оваа одлука ја донесоа делегатите на  34. Собрание на македонската риболовна федерација пред една недела.

Со пласманот, првите тројца се изборија за место во составот на репрезентацијата на Македонија која ќе учествува на Светското првенство во Белгија во септември.

Loading