ГРАДСКОТО ДЕРБИ Е В САБОТА

Пинг-понг

По две недели одложување, в сабота (12 ч.) во пингпонгарската сала, ќе се одигра големото градско суперлигашко дерби Младост – Младост 96. Интересен дуел низ борба за опстанок. Поблиску до целта е Младост 96. Оттука во дуелот влегува малку порастоварен. За Младост, мечот е под голем притисок од кој зависи опстанокот. За Младост настапуваат легендарните Зоран Јованоски, Ѓоко Јочкоски, Петар Јованоски и Миле Петрески. Од помладиот клуб се спротивставуваат: Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски, Александар Штаргоски и Христијан Иваноски. Може да се очекува жесток дуел, исто како есеноска. Тогаш, во драматична завршница, со добиена партија на З. Јованоски, победи Младост со 5-4.

Табела: Г. Делчев Штип и Работнички Скопје по 22, Шампиони ФА Штип 14, Вардар Скопје 12, Младост 96 – 8, Младост 6, Телеком Скопје и Радовиш по 4.

Loading