ВЕБ СТРАНИЦА ВО ПЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА

Друштво за наука и уметност

Со фотографија на панорама на Прилеп од авторот Кристијан Конески, Друштвото за наука и уметност креира свој веб сајт со информации за изминатите, тековните и претстојните активности и настани на научната асоцијација која постои 45 години. На линкот https://prilepdnu.wordpress.com, покрај општите податоци за ДНУ, кое е невладино, непартиско, непрофитабилно здружение на граѓани, основано во 1971 година, насловени се одделенијата за општествени, биолошки, математичко – технички, медицински науки и за уметност и литература. Застапени се и биографиите на членовите и на раководството на ДНУ на чие чело веќе неколку месеци е д-р Силвана Пашоска.

Друштвото брои 158 научни работници, академици, доктори на науки, магистри, лекари, примариуси и уметници, кои активно придонесуваат во поттикнување и презентирање на достигнувањата од сите области на науката и уметноста. 

Loading