СЛАВА НА КНИГАТА

Во библиотека

Odbelezuvanje na Denot na knigata   vo biblioteka

Со читање на повелба, со настап на литературни творци, вечерва од 18 часот во библиотеката ,,Борка Талески,, ќе биде одбележан 23 април – Меѓународниот ден на книгата. Ќе биде потсетено дека книгата е ,,лек,, за душата, дека преку неа се ,,освојуваат,, нови светови и дека од неа се учи.

Библиотеката го одбележува Денот во соработка со Друштвото за наука и уметност.

Инаку, библиотеката набави нова литература, белетристика и стручни наслови за збогатување на книжевниот фонд и да им се излезе во пресрет на барањата од читателите.

Loading