СЕ ПОДГОТВУВА ПРЕТСТАВАТА „ХРОНИКА НА ЕДЕН СОН“

Dramata na Ivana Nelkovska   prazivedba vo nasiot teatar

Во театарот „Војдан Чернодрински“ стартуваа подготовките за претставата „Хроника на еден сон“, што е текст од Ивана Нелковска, а го режира Ивана Ангеловска. Комедијата е гротескна приказна, која ќе биде праизведба во Македонија.

Наскоро ќе биде премиерата на вториот проект што го реализира театарот годинава со поддршка на Министерството за култура.

– Ликовите низ текстот нé внесуваат во фантастичниот свет на луна паркот полн со детска невиност и шаренило кој полека метаморфозира во крик на очајна потреба и зависност од љубов и среќа на едно општество каде сонот станува невозможен, а радоста материјален производ – вели драматургот Нелковска.         

За режисерот Ангеловска, ова дело претставува магичен сплет на надреални фрагменти, кое движејќи се на тенка линија меѓу сонот и кошмарот ги истражува вечната дилема да се најде одговор на прашањето: што е тоа среќа и како да се дојде до неа, со цел да се прикаже мутирањето на човечката потреба од среќа.

Ќе играат деветмина актери од ансамблот на театарот. Костимограф е Марта Трендафилова, а автор на музиката ќе биде Зоран Тевдовски.

Loading