Историја
Во средината на јануари 1989 година прочуената екипа во мал фудбал, Варошко Маало, учествуваше на неофицијалното Државно првенство на Југославија, во Загреб. Таму постигна извонреден успех, со освојување на 4 место, во конкуренција на 17 тима од целата држава. Пласманот е уште повреден ако се земе предвид дека во конкурентските екипи настапија засилувања од професионалните прволигашки клубови. Така, за тимот на Кутина (Хрватска) играа: Зјајо (Црвена звезда Белград), Дуспара (Динамо Винковци), Лончар, Брзаковиќ (ОФК Београд). Токму од овој противник е претрпен пораз од 3-0 со што е запрен патот до финалето. Претходно беа совладани: словенечкиот Вуко (Љубљана) со 4-3, хрватските Домоинвест (Загреб) со 4-2 и Либертас (Новска) со 4-1.
Настапија: Бл. Смоквоски, Ј. Ѓорѓиоски, Мендизоски, Ветаџокоски, П. Јованоски, С. Апостолоски, Б. Милошески, П. Талески, З. Донески и С. Ристески.